Суперѕвездата на Оклахома Сити Тандер, Шеј Гилџес Александер одигра уште еден извонреден натпревар, но овојпат не успеа да му донесе победа на својот тим.
Оклахома загуби на гостувањето кај Голден Стејт со 109-116 и покрај 52. постигнати поени на својот најдобар играч. Гилџес-Александер вторпат за една недела отиде над 50, по мечот против Јута минатата среда, ама тоа овојпат не беше доволно за победа. Со овој ефект, тој собори два рекорда: стана прв играч со повеќе еден од натпревар со 50+ поени оваа сезона и прв Канаѓанец со повеќе од еден натпревар со 50+ поени во кариерата.
Дека е исклучително расположен за игра, тој покажа уште на стартот, во првите осум минути веќе имаше 17 поени, а во воведната четвртина постигна 21 од вкупно 34 поени на својот тим. Оклахома имаше +14 по 12 минути игра, но Голден Стејт успеа да направи пресврт во натамошниот дел од натпреварот и да дојде до победата, трета во последните четири натпревари.
Покрај Гилџес-Александер, се истакна и неговиот сонародник Ендрју Вигинс кој беше најефикасен во редовите на Голден Стејт со 27 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Бруклин 83-104
Индијана – Детроит 133-119
Вашингтон – Торонто 82-106
Бостон – Чикаго 122-100
Мајами – Кливленд 106-126
Њујорк – Денвер 122-112
Филаделфија – Сакраменто 117-104
Њу Орлеанс – Далас 136-137
Сан Антонио – ЛА Клиперс 116-128
Феникс – Минесота 113-121
Голден Стејт – Оклахома 116-109


