До минатата сезона, главен „виновник“ за сите проблеми во тимот на Партизан беше Алекса Аврамовиќ и тој секогаш беше цел на критики од Жељко Обрадовиќ.
Сега Аврамовиќ не е тука бидејќи летоска се пресели во ЦСКА, но дојде играч со слично име – Алексеј Покушевски. Поранешниот НБА кошаркар не се снаоѓа најдобри во првите натпревари во дресот на Партизан, па трофејниот стручњак мора да реагира на тоа.
Денеска му се истури на еден тајмаут за време на мечот против Студентски Центар во Подгорица. Извиците на Обрадовиќ многу наликуваа на оние упатени кон Алекса Аврамовиќ лани. Среќа, Партизан победи со 80-60, па можеби и лутината на тренерот не била толку голема по натпреварот.


