Леброн Џејмс го пропушти мечот со Индијана, Лука Дончиќ уште не е во составот поради повреда, но Лејкерс синоќа дојдоа до петтата победа во низа, совладувајќи ја Индијана со 124-117.
Во отсуство на двете први ѕвезди, славата ја доби Остин Ривс кој го одигра најдобриот натпревар во својата кариера. Бекот на Лејкерс одигра меч на кој можат да му позавидат и Леброн и Дончиќ, постигнувајќи 45 поени, 7 скока, 7 асистенции и 3 украдени топки за 40 минути игра.
Интересно е тоа што Лејкерс добија само една четвртина на синоќешниот натпревар, првата, но и таа беше доволна за победа бидејќи во неа резултатот беше 44-22. Највисоката предност изнесуваше 25 разлика (53-28), во вториот период, но Индијана во финишот направи драма, приближувајќи се на само пет поени негатива. Имаше и неколку сомнителни судиски одлуки на штета на Индијана, па Лејкерс некако успеаја да ја сочуваат предноста и да ја крунисаат фантастичната партија на Ривс.
Покрај него, се истакна и Руи Хачимура кој постигна 24 поени и 9 скока, додека Паскал Сијакам беше најефикасен во тимот на Индијана со 23 поени.
РЕЗУЛТАТИ:
Далас – Хјустон 116-105
ЛА Лејкерс – Индијана 124-117
Орландо – Сан Антонио 112-111
Вашингтон – Атланта 111-125
Чикаго – Голден Стејт 111-132
Мемфис – Оклахома Сити 112-125
Минесота – Портланд 114-98
Њујорк – Бостон 104-131
Феникс – Денвер 105-122
Сакраменто – Њу Орлеанс 123-118
ЛА Клиперс – Јута 130-110


