Екипата на Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен славеше во дербито на вечерта откако на домашен терен го победи Милвоки со 123-122.
Натпреварот го пропушти Леброн Џејмс, но во негово отсуство блесна Дианџело Расел кој постигна 44 поени, 9 асистенции и 6 скока. Тој беше стрелец на победничкиот кош на шест секунди пред крајот, за во последниот напад Лилард да биде изблокиран.
Покрај Расел, кај Лејкерс се истакна и Ентони Дејвис со 22 поена и 13 скока, како Остин Ривс кој заврши со 18 поени. Лилард го заврши мечот со 28 поени и 12 асистенции, Конатон додаде 17, а Бизли 14 поени.
Со оваа победа Лејкерс се уште поблиску до пласман во плеј-инот, но местата кои водат директно во плеј-офот се многу далеку за овој тим.
РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Њу Орлеанс 95-103
Вашингтон – Шарлот 112-100
Кливленд – Минесота 113-104
Њујорк – Орландо 98-74
Мемфис – Атланта 92-99
Оклахома – Мајами 107-100
ЛА Лејкерс – Милвоки 123-122
Портланд – Хјустон 107-123


