Кошаркарите на Оклахома се обидуваа на секаков начин да го запрат Лука Дончиќ на третиот натпревар од полуфиналната серија во Западната конференција.
Сливенецот влезе повреден во мечот и беше неизвесно дали воопшто ќе игра, но јасно е дека за ништо не би пропуштил ваков натпревар. Се жалеше на повреди на коленото и на скочниот зглоб, а противничките играчи се обидоа дополнително да го уништат неговото тело.
Bloody knees
Stomach getting kneedLuka Doncic gotta be on life support after these playoffs. pic.twitter.com/5YVvGe1Sf0
— NBA Memes (@NBAMemes) May 12, 2024
На пример, канадскиот репрезентативец Лу Дорт беше фатен како го удира со колено во стомак, а за тоа добива само лична грешка. Пред крајот на мечот можеше да се забележи како двете колена на Дончиќ се крвави и тоа преку стегачите кои ги носеше. Ни тоа не го запре словенечкиот ас кој на крајот, заедно со Ирвинг и Вашингтон го однесе Далас до втора победа во серијата.
По натпреварот Дончиќ се пожали дека го боли цело тело, но никој нема дилеми дека ќе се појави и на четвртиот натпревар од серијата со Оклахома.


