Далас Маверикс води со 2-0 во финалето на Западната конференција по вториот брејк во серијата со Минесота, сега со 109-108.
Прва ѕвезда на натпреварот беше Лука Дончиќ кој го носи својот тим кон прво големо финале во НБА по пауза од 13 години. Освен што оствари трипл дабл со 32 поена, 13 асистенции и 10 скока, словенечкиот ас ја постигна тројката за победа на три секунди пред крајот на мечот.
Rudy Gobert appears to hit Luka Doncic in the stomach as he tries to get the ball 👀pic.twitter.com/CjoaHWDALu
— ClutchPoints (@ClutchPoints) May 25, 2024
Со тоа, Далас го комплетира големиот пресврт имајќи предвид дека Минесота во провто полувреме водеше и со 18 поени разлика (55-37), а на нешто повеќе од една минута пред крајот беше +5 (108-103). Прво Ирвинг погоди тројки за два поена негатива, а откако домаќините не искористија два напада, на сцена стапи Лука Дончиќ со тројката во последните секунди. Кошот за победа, словенечката суперѕвезда го постигна преку Руди Гобер со што му се одмазди за боксот во стомакот, претходно на натпреварот кога играчот на Минесота се обиде да спречи контранапад на протвиничкиот тим.
Покрај Дончиќ, во клучните моменти се истакна и Кајри Ирвинг кој во последната четвртина постигна четири тројки и со 20 поени беше втор стрелец во тимот на Далас. Кај Минесота, Рид беше најефикасен со 23 поени, а Едвардс додаде 21, но со лош шут од игра – 5/17.
Es Luka Doncic, boludito.
— Leandro Carranza (@leocarranza99) May 25, 2024
Juega al básquet desde que estaba en la panza de la madre.
¿Te pensás que le pesa un tiro como este?pic.twitter.com/S1DMiTa3FW
Со предност од 2-0, Далас ги очекува следните два меча на домашен терен и ако ги добие, ќе обезбеди пласман во големото финале на НБА. Последен пат, тимот од Тексас беше таму во 2011 година кога и ја освои шампионската титула, предводен од Дирк Новицки.


