По 15 промашувања во низа, новата аквизиција на Лос Анџелес Лејкерс, Брони Џејмс успеа да погоди тројка на Летната лига што се одржува во Лас Вегас.
Тимот од Калифорнија славеше со 87-86, а Брони го одигра најдобриот натпревар ова лето, постигнувајќи 12 поени за помалку од 24 минути на теренот. Реализира и две тројки од пет шута, една од нив погоди во клучни моменти, кога се решаваше победникот, но и тоа не го поправи многу, лошиот впечаток за него.
До натпреварот против Атланта, синот на Леброн кој има гарантиран руки договор со Лејкерс, просечно постигнуваше по 4,3 поени со шут од игра од 22,6%.


