Никола Топиќ неодамна се врати по долгата пауза поради повреда, а веќе вечерва доживеа нова по која не е исклулено да мора да ја заврши сезоната.
На околу три минути пред крајот на третата четвртина, тинејџерот незгодно доскокна и потоа остана да лежи под противничкиот кош. Откако му беше укажана помош, на рацете на лицата од медицинскиот персонал замина во соблекувална и не се врати повеќе во игра. Српските медиуми тврдат дека се работи за повреда на коленото, но се уште нема официјални информации од Црвена Звезда.
Ohh la tuile pour Nikola Topic qui vient de se blesser lors du match contre le Partizan.
On espère rien de grave pour le Serbe. 🙏🏼
— Role Players (@RolePlayers_NBA) May 13, 2024
Интересно е тоа што и претходната повреда Топиќ ја доживеа на дуел против Партизан, но во Евролигата. По завршувањето на финалето од АБА лигата, Топиќ требаше да оди во САД на подготовки пред НБА драфтот, но ако се работи за потешка повреда, сето тоа ќе биде одложено.


