Иако важи за лошо момче во НБА, Дрејмонд Грин е еден од лидерите на Голден Стејт и многу му значат победите на неговиот тим поради што секогаш дава 100% од своите можности.
Тоа можеше да се забележи и во минатото, а особено дојде до израз на синоќешниот меч против Феникс на кој Вориорс славеа со 109-105. Во третата четвртина, можеше да се слушне како Грин грми кон Бади Хилд по една неуспешна акција на Голден Стејт.
Draymond Green CUSSING OUT Buddy Hield 😭
— Hater Report (@HaterReport_) December 29, 2024
“Wake the f^ck up. Or go sit the f^ck down. SH*T” pic.twitter.com/2hYyIGuUKo
„Разбуди се или седни на клупа. Ср*ње“, викаше Грин по кошаркарот кој ја игра првата сезона во редовите на франшизата од Калифорнија.
Нервоза кај Грин се создаде поради тоа што во претходниот напад Хилд ја заглави акцијата, а потоа го проигра токму Грин кој мораше да шутира тројка од неизградена позиција бидејќи времето за напад истекуваше. Хилд не беше на ниво цел натпревар, на теренот помина 15 минути, но не успеа да постигне поен и оствари само една асистенција.


