Покрај претходно најавениот Тони Кукоч, вечерва на мечот меѓу Партизан и Олимпијакос е и неговиот сонародник и партнер од славните денови на Југопластика, Дино Раѓа.
Двајцата беа еуфорично поздравени од над 20 илјади навивачи на Партизан кои покажаа дека исклучително ги ценат хрватските легенди. Голем број посетители во белградската Арена побараа да се фотографираат со нив и да добијат автограми.
Кукоч и Раѓа беа соиграчи со тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ и спортскиот директор Зоран Савиќ во репрезентацијата на Југославија кон крајот на 80. и почетокот на 90. години од минатиот век и заедно освоија неколку трофеи на големите натпреварувања.


