Партизан успеа да ја прекине серијата од шест порази во Евролигата и осум во дуелите со Црвена Звезда и тоа беше причина за големо задоволство кај неговите навивачи.
Околу 1.000 од нив имаше синоќа присутни во белградската Арена, со оглед на тоа што Звезда беше домаќин, па мораа да чекаат околу еден час додека се разотидат „домашните“ навивачи. Но, нивното заминување се совпадна со заминувањето на кошаркарите на Партизан, па го пресретнаа автобусот со играчите и го запреа средеа улица.
Nek grmi sa svih strana!🖤🤍#KKPartizan #EuroLeague pic.twitter.com/0S9TW1QJgn
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) November 21, 2024
Следуваше вистинско шоу , некои од играчите се симнаа од автобусот и заедно со навивачите ги пееја песните посветени на клубот.


