Ѕвездата на Фенербахче, Скоти Вилбекин најверојатно ја заврши сезоната уште во првото коло од Евролигата, по денешната хорор повреда во дуелот со Олимпијакос.
Во финишот од првата четвртина, американскиот кошаркар со турски пасош тргна на влез кон противничкиот кош, се крена на шут, но уште тогаш почувствува дека нешто не е во ред. По падот остана да лежи на теренот, па откако му беше укажана помош, соиграчите на раце го изнесоа од теренот.
Scottie Wilbekin'in sakatlandığı pozisyon. https://t.co/QtTi7GnfU0 pic.twitter.com/ljHzY8sI0B
— Euroleague Time (@euroleague_time) October 4, 2024
Иако уште нема официјална информација за неговата состојба, присутен е страв дека се работи за најлошата повреда на еден спортист – лигаментите на коленото. Пауза за таква повреда изнесува меѓу 8 и 10 месеци што најверојатно ќе значи дека Вилбекин нема повеќе да се врати на терените оваа сезона.


