Најдобриот играч во НБА од минатата сезона, Никола Јокиќ одигра уште еден спектакуларен натпревар и речиси сам го победи некогашниот шампион Голден Стејт.
Денвер славеше со 119-115, а српскиот ас го заврши мечот со 38 поени, 10 скока, 6 асистенции и 5 украдени тројки. Неверојатно звучи податокот дека без него на теренот, Нагетс биле во минус од 19 поени разлика што само уште еден факт кој зборува за важноста на Јокиќ за неговиот тим.
Голден Стејт испушти голема шанса да ја прекине серијата порази затоа што во последната четвртина водеше со 11 поени разлика (109-98). На нешто повеќе од две минути пред крајот беше 115-109 за гостинскиот тим, а потоа Денвер го затвори мечот со серија од 10-0 во која со шест поени учествуваше Јокиќ.
Покрај Србинот, кај Денвер се истакна и Портер со 22 и Гордон со 15 поени. На другата страна, најдобар беше Кари со 24 поени и 11 асистенции, но Голден Стејт го доживеа петтиот пораз во низа со што падна на шестата позиција на табелата во Западната конференција.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Филаделфија 104-110
Кливленд – Вашингтон 118-87
Детроит – Милвоки 107-128
Њујорк – Орландо 121-106
Торонто – Индијана 122-111
Оклахома – Јута 133-106
Далас – Мемфис 121-116
Феникс – Сан Антонио 104-93
Денвер – Голден Стејт 119-115
Сакраменто – Хјустон 120-111
ЛА Клиперс 127-105


