Индијана Пејсерс се избори за „мајсторка“ проитив Њујорк откако славеше во шестиот меч, на домашен терен, со 116-103.
Оваа серија ја одбележа фактот што досега не е забележан ниеден брејк, а најблиску до такво нешто беше Индијана на првиот натпревар. Ноќеска, Пејсерс доминираа во текот на сите 48 минути, во последната четвртина водеа и со 23 поени разлика и без никакви проблеми дојдоа до триумфот.
Најзаслужен за победата беше Паскал Сијакам кој постигна 25 поени, 7 скока и 5 асистенции, Тарнер додаде 17 поени, а по 15 имаа Халибартон, Меконел и Небхард. На спротивната страна се истакна Џејлен Брансон кој продолжи со одличните игри во овој плејоф и броеше до 31 поен.

Седмиот натпревар се игра утре вечер од 21:30 часот во Медисон Сквер Гарден, а победникот, во конференциското финале ќе се сретне со Бостон. Неколку часа подоцна, во 2 по полноќ, „мајсторката“ ќе ја играат и екипите меѓу Денвер и Минесота.


