Една од ѕвездите на Милвоки, Патрик Беверли предизвика скандал пред крајот на синоќешниот натпревар против Индијана по кој заврши сезоната за шампионот од 2021 година.
Од засега непознати причини, тој гаѓаше со баскет навивачи на Индијана, потоа ја побара топката назад и повторно фрли кон него. Да биде скандалот поголем, по мечот не покажа ни трошка каење и само рече дека тоа не е ништо.
altercation between pat bev and pacers fans behind the bench pic.twitter.com/dfQpqSBv33
— Rob Perez (@WorldWideWob) May 3, 2024
Во тие моменти веќе беше јасно дека Милвоки ќе доживее пораз и елиминација уште во првата рунда од плејофот иако пред крајот на основниот дел од сезоната беше сметан за еден од фаворитите за титулата.


