Најдобриот тим во НБА, Кливленд Кавалирс го доживеа петтиот пораз во сезоната, но прв по 8 декември 2024 и прв во новата година.
На домашен терен, екипата од Охајо загуби од Индијана со 93-108, но го задржа првото место на Западот бидејќи има убедлива предност пред второпласираниот Бостон. Клучна беше серијата од 13-0 во третата четвртина по која Пејсерс ги зедоа работите во свои раце и не ја испуштија предноста до крајот.
Најефикасен кај Индијана беше Ендрју Нембхард со 19 поени, еден помалку постигна Паскал Сијакам, а голем придонес имаше и Тарнер кој заврши со 15 поени. Во тимот на Кливленд, Дариус Гарланд броеше до 20 поени, а Мичел додаде 19.
Интересно е тоа што Индијана му ја прекина серијата од 12 победи на Кливленд и сега ја има најдолгата низа во Источната конференција која изнесува шест триумфи. Двата тима се среќаваат уште еднаш утре вечер, но на теренот на Индијана.
РЕЗУЛТАТИ
Њујорк – Милвоки 140-106
Далас – Денвер 101-112
Чикаго – Сакраменто 119-124
Вашингтон – Оклахома 95-136
Орландо – Филаделфија 99-95
Кливленд – Индијана 93-108
Бостон – Њу Орлеанс 120-119
Јута – Бруклин 112-111
Феникс – Шарлот 120-113


