Индијана направи изненадување, совладувајќи ја Оклахома како гостин со 121-111 и му овозможи на Денвер да се израмни на првото место на Западната конференција со Тандер. Со оглед на тоа што победи и Минесота, сега три екипи се со ист број победи (45), на 16-17 натпревари до крајот на основниот дел од сезоната.
На Оклахома не ѝ беше доволен ни одличниот Шеј Гилџес-Александер кој постигна 30 поени и ја потврди својата кандидатура за МВП на сезоната. Индијана во првото полувреме направи двоцифрена предност и на голем одмор замина со +12, Оклахома во третата четвртина го сврте резултатот во своја корист, но во драматичниот финиш, гостите имаа повеќе трпение и дојдоа до победата.
Мајлс Тарнер ги предводеше Пејсерс со 24 поени, а се истакнаа уште Халибартон и Сијакам со по 18 поени со тоа што Камерунецот оствари и 11 скока.
Индијана со оваа победа се искачи на шестата позиција на Истокот, последна која води директно во плејофот, но има и натпревар повеќе од Филаделфија и два од Мајами.
РЕЗУЛТАТИ
Њујорк – Филаделфија 106-79
Мемфис – Вашингтон 109-97
Оклахома – Индијана 111-121
Сан Антонио – Хјустон 101-103
Јута – Бостон 107-123
ЛА Клиперс – Минесота 100-118
Сакраменто – Милвоки 129-94


