Екипата на Денвер Нагетс првпат победи без Никола Јокиќ во тимот, триумфирајќи на гостувањето кај Мемфис со 105-90.
Шампионот од 2023 година конечно заличи на тим и одигра добар меч на двата краја од теренот. Најефикасен беше Џамал Мареј со 27 поени, Портер додаде 24, а Браун 19. Сепак, приказна на денот е ветеранот Расел Вестбрук кој го искористи поширокиот простор и дојде до историско достигнување.
Вестбрук е првиот играч во постоењето на НБА лигата кој ја мина границата од 200 трипл дабл натпревари. Против Мемфис постигна 12 поени, 14 асистенции и 10 скока и само го подобри својот рекорд во оваа статистичка категорија.


