Ривалите од Калифорнија, Голден Стејт Вориорс и Лос Анџелес Лејкерс го одиграа најинтересниот натпревар од божиќната програма во НБА лигата.
Триумфираа гостинските кошаркари со 115-113, а кошот за победа беше постигнат во последните секунди. Херој на Лејкерс беше Остин Ривс кој погоди за триумф на неговиот тим и на тој начин го круниса спектакуларниот настап во кој постигна 26 поени, 10 скока и 10 асистенции. Со тоа ги засени двете најголеми ѕвезди Леброн Џејмс кој постигна 31 поен и 10 скокаи првиот стрелец на мечот Стеф Кари кој заврши со 38 поени.
Ова беше трет пораз по ред на домашен терен за Голден Стејт кој е во долниот дел од табелата во Западната конференција, но се уште на позиција која води во плејаут. Лејкерс славеа по четврти пат на последните пет меча и се израмнија со својот градски ривал Лос Анџелес Клиперс.
РЕЗУЛТАТИ
Феник – Денвер 110-100
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 113-115
Бостон – Филаделфија 114-118
Далас – Минесота 99-105
Њујорк – Сан Антонио 117-114


