Суперѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари игра фантастично оваа сезона и потсетува на своите најдобри денови во кариерата.
Врв на неговите одлични партии е ноќешниот дуел против Орландо кој Вориорс го добија со 121-115, а на кој ветеранот постигна 56 поени со 12 тројки. Тоа беше негов 14. натпревар со 50+ поени со што се израмни со Леброн Џејмс и Рик Бери на седмото место на вечната листа во НБА. Дури девет вакви натпревари има откако наполни 30 години.
Сепак, со најдобриот шутер во историјата на НБА е врзан и еден куриозитет. Тој е еден од само тројцата кошаркари во историјата на лигата кои имаат свој ден и тој е 27 февруари. На тој датум, заклучно со вчера, Кари има дури три натпревари на кои постигнал 45+ поени.
Првиот е од 2013 година кога против Њујорк Никс постигна 54 поени, плус 7 асистенции и 6 скока и тоа беше негов прв меч со 50+ поени во кариерата. Вториот е од 2016 година кога против Оклахома постигна 46 поени, вклучувајќи, како и синоќа, 12 тројки, а го реализира и кошот за победа, на 0,9 секунди пред крај, се разбира со тројка.
Свои денови во НБА имаат само уште Елџин Бејлор и Вилт Чембрлен. Ден на Бејлор е 25 февруари, додека Чембрлен има дури 16 дена на кои постигнал 45 или повеќе поени.


