Екипата на Голден Стејт Вориорс запиша минимален триумф во дуелот со Феникс, а херој на мечот беше Стеф Кари кој погоди тројка во последната секунда.
Домаќините славеа со 113-112 и ја прекинаа серијата од три порази во дуелите со Санс. Не играше Крис Пол поради повреда на раката, а кај Феникс неизвесен беше Девин Букер, но тој на крајот истрча на теренот и беше прв стрелец на својот тим.
Се беше одлучено во последните 12 минути откако првите три четвртини поминаа во израмнета игра. Во четвртиот квартал имаше осум промени на водството, а во два наврата резултатот беше израмнет. На нешто повеќе од 30 секунди пред крајсот, Букер им донесе предност на гостите со 112-110, потоа следуваа промашувања на двете страни за на крајот одговорноста да ја преземе Стеф Кари и којзнае кој пат во кариерата да погоди тројка за победа.
За Вориорс ова беше четврта победа во низа и 25. оваа сезона со што си ги зголемија шансите за пласман во плејофот. Кари постигна 30 поени со 9 погодени тројки од 16 шута, а на тоа додаде 8 скока и 6 асистенции. Џонатан Куминга беше втор стрелец во тимот со 21 поен. На другата страна најефикасен бепе Букер со 32 поена, Дурант на поранешниот тим му даде 24 поени, 10 скока и 7 асистенции, а Бредли Бил застана на 15 поени.
Феникс Санс сега се седми во Западната конференција со 31 победа и 22 пораза, додека Голден Стејт се на десеттата позиција со 25/25.
РЕЗУЛТАТИ
Далас – Оклахома 146-111
ЛА Клиперс – Детроит 112-106
Бруклин – Сан Антонио 123-103
Шарлот – Мемфис 115-106
Орландо – Чикаго 114-108
Вашингтон – Филаделфија 113-119
Атланта – Хјустон 122-113
Њујорк – Индијана 111-125
Торонто – Кливленд 95-119
Портланд – Њу Орлеанс 84-93
Г. Стејт – Феникс 113-112.


