Екипата на Денвер Нагетс доживеа тежок пораз на домашен терен откако загуби од Њујорк Никс со 118-145.
Њујорк е четврти во Источната конференција, но никој не очекуваше дека така ќе го растури шампионот од 2023 година кој настапи во речиси комплетен состав. Денвер во ниеден момент не беше блиску до победа бидејќи по првата четвртина беше 36-24, а на полувреме 76-53 за гостинскиот тим. Нагетс не успеаја да добијат ниедна четвртина и барем малку да го поправат впечатокот, па доживеаја еден од најтешките порази оваа сезона.
Доминираа Ануноби и Таунс кои заедно постигнаа безмалку половина од поените на Њујорк – 70. Британецот броеше до 40, додека репрезентативецот на Доминиканска Република ја доби битката со Никола Јокиќ и заврши со 30 поени, 15 скока и 4 асистенции.
Кај Денвер, најдобар беше Расел Вестбрук со 27 поени, Мареј остана на 20, а Јокиќ постигна 22 со 7 скока и 7 асистенции. Тимот од Колорадо по овој пораз падна на седмата позиција во Западната конференција со биланс 9/7.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Орландо 84-95
Детроит – Торонто 102-100
Индијана – Њу Орлеанс 114-110
Атланта – Далас 119-129
Бостон – ЛА Клиперс 126-94
Мемфис – Портланд 123-98
Денвер – Њујорк 118-145
Голден Стејт – Бруклин 120-128
Сакраменто – Оклахома 109-130


