Тукушто сите помислија дека Лос Анџелес Клиперс достигна шампионска форма и сезонава ќе се бори за титулата, повторно ги разочара своите навивачи.
На претходните десет меча, Клиперс остварија девет победи и завчера, иако не играа, се искачија на првото место на табелата во Западната конференција поради поразот на Минесота од Чикаго. Радоста на ѕвездите од овој тим траеше едвај 24 часа бидејќи на домашен терен загубија од Њу Орлеанс со 106-117 по што паднаа дури на четвртата позиција бидејќи Оклахома, Минесота и Денвер имаат ист биланс.
Клиперс ниеднаш не беа во водство на овој меч, најблиску до евентуална победа беа во воведната четвртина во која два пати имаа израмнет резултат (2-2 и 13-13). До крајот на периодот Пеликанс направија +17 (36-19), дури во последната четвртина домаќините се доближија на четири поени негатива, но ништо повеќе од тоа и го претрпеа 16. пораз во сезоната. За Њу Орлеанс ова беше четврта победа во низа и сега ја имаат најдолгата серија на Западот и втора во НБА, за онаа на Кливленд Кавалирс.
Мекалум беше најефикасен во победничката екипа со 25 поени, а Зајон Вилијамсон оствари дабл дабл со 21 поен и 10 асистенции. Кај Клиперс потфрлија главните ѕвезди, Пол Џорџ остана на само седум поени со шут од игра 3/15, Ленард постигна 15, а Харден беше најефикасен со 19 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Торонто 117-123
Вашингтон – Кливленд 106-114
Бостон – Атланта 125-117
Мајами – Сан Антонио 116-104
Филаделфија – Голден Стејт 104-127
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 106-117
Сакраменто – Детроит 120-133


