Само еден ден Голден Стејт беше на првото место на табелата во Западната конференција.
Оттаму е експресно симнат откако Лос Анџелес Клиперс ноќеска славеше во меѓусебниот дуел со 102-99 за петти триумф по ред на домашен терен. Единственото водство на мечот, Вориорс го имаа на почетокот, со 3-0 по воведната тројка на Линди Вотерс за дури во финишот да ја вратат драматиката и да се доближат на три поени негатива, но тоа не беше доволно за продолжување на серијата од три победи.
Во последните секунди Стеф Кари имаше тројка за израмнување, но беше непрецизен со што делумно го поништи неговиот одличен ефект на натпреварот, но финалниот удар, со звукот на сирената го упати Пејтон и тој, исто така, не успеа да донесе продолжение. Претходно Кари погоди шест тројки од 15 обиди и со 26 поени беше најефикасен во редовите на Голден Стејт.
Џејмс Харден го предводеше домашниот тим со 12 поени и 16 асистенции, а Зубац имаше необичен ефект, со дури 17 остварени скокови. Првото место на Западот сега го презеде Оклахома која има натпревар помалку од Вориорс.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Чикаго 112-122
Мајами – Филаделфија 106-89
Њујорк – Вашингтон 134-106
Торонто – Индијана 130-119
Милвоки – Хјустон 101-100
Феникс – Орландо 99-109
Сакраменто – Атланта 108-109
ЛА Клиперс – Голден Стејт 102-99


