Екипата на Кливленд дојде до 15. победа во низа од почетокот на сезоната откако на домашен терен го совлада Шарлот со 128-114.
Сега Кавс имаат биланс 15/0 со што го израмнија вториот најдобар старт на една натпреварувачка кампања. Пред оваа сезона, таков почеток имаа само уште Вашингтон Капитолс во сезоната 1948/49 и Хјустон Рокитс во 1993/94. Убедливо на чело по овој параметар е Голден Стејт со 24/0 во 2015/16, а сите три екипи во овие сезони стигнаа барем до финалето на НБА лигата.
За да остане во игра за рекордот на Голден Стејт, Кливленд во следниот меч ќе мора да го победи актуелниот шампион Бостон Селтикс што ќе биде најтежок тест за него од почетокот на сезоната. Што се однесува до дуелот со Шарлот, Кавс беа во водство во текот на целиот меч, водеа со 13 во првата и 16 во втората четвртина. Гостите се доближија на само три поени на влезот на последниот квартал, но Кливленд не дозволи пресврт, брзо се врати на солидна позитива и мирно го приведе натпреварот кон крај.
Гарланд со 25 поени и 12 асистенции беше најдобар играч на Кливленд, Џером постигна 23 поени, а Мобли додаде 23 поени и 11 скока. Ламело Бол го предводеше Шарлот со 31 поен и 12 асистенции.
РЕЗУЛТАТИ
Минесота – Феникс 120-117
ЛА Клиперс – Јута 116-105
Чикаго – Хјустон 107-143
Њујорк – Бруклин 114-104
Оклахома – Далас 119-121
Кливленд – Шарлот 128-114
Мемфис – Денвер 105-90
Портланд – Атланта 114-110
Вашингтон – Детроит 104-124


