Бостон Селтикс минатата недела накратко ја прекина серијата победи на Кливленд, но тимот од Охајо брзо продолжи таму каде што застана.
Веќе нанижа два триумфа, а ноќеска го совлада Торонто со 122-108 за 17. победа во 18. меч оваа сезона. Она што е поинтересно, шампионот од 2016 година има десет победи на десет натпревари пред своите навивачи и е најдобар во лигата по тој параметар со тоа што и Орландо е непоразен на домашен терен, но на осум натпревари.
Торонто Репторс направи драма во третата четвртина кога се доближи на 90-94, но Донован Мичел ги изгасна нејзините сништа со 11 поени во последниот период.
Донован Мичел и Џером беа најефикасен кај Кливленд со по 26 поени, а Ален постигна 23 поени и 13 скока. На сите досегашни 18 натпревари, Кавс ја минаа границата од 100 поени што е најдобар доказ за потенцијалот на овој тим. Барнс и Дик со по 18 поени го предводеа гостинскиот состав.
РЕЗУЛТАТИ
Сакраменто – Бруклин 103-108
Кливленд – Торонто 122-108
Мајами – Далас 123-118
Филаделфија – ЛА Клиперс 99-125
Индијана – Вашингтон 115-103
Бостон – Минесота 107-105


