Екипата на Кливленд Кавалирс е убедливо на првото место во Источната конференција, но ноќеска го доживеа вториот пораз во низа и трет во последните пет натпревари.
Тоа е вторпат сезонава Кавс да „врзат“два пораза по ред откако пред крајот на ноември загубија два меча во низа од Атланта Хоукс. Ноќеска, подобра од Кливленд беше Филаделфија која на домашен терен славеше по 132-129.
Мечот беше одлучен во последните минути откако Сиксерс направија предност од осум разлика. Кливленд се врати на само -1 (126-127), но во пенал-завршницата подобар беше домашниот тим и дојде до неочекуван триумф.
Најдобар стрелец кај Филаделфија беше Пол Џорџ со 30 поени, Макси додаде 29, додека Кливленд ги имаше најдобрите двајца поентери на мечот – Мичел со 37 и Џером со 33 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Портланд 97-102
Филаделфија – Кливленд 132-129
Мемфис – Њу Орлеанс 139-126


