Еден од најдобрите играчи на сите времиња Леброн Џејмс продолжува со одличните настапи и фантастичната форма во која се наоѓа од почетокот на оваа сезона.
Тој ја прекина серијата од четири трипл дабл натпревари, но повторно беше клучен за победата на Лос Анџелес Лејкерс кој ноќеска го совлада Њу Орлеанс со 104-99. Победникот беше одлучен во последните секунди откако претходно Пеликанс водеа и со 15 поени разлика.
LeBron James (@KingJames) hits the decisive three-pointer in the closing moments of the game. 🔥#LakeShow pic.twitter.com/pfAkFUlMqr
— Basketball Sphere (@BSphere_) November 17, 2024
На 36 секунди пред крајот, Леброн погоди тројка со која Лејкерс отидоа на +4 и потоа успеаја да го сочуваат водството кое им ја донесе деветтата победа во 13. натпревар сезонава. Тоа беше и деветти триумф во низа за тимот од Лос Анџелес кој е решен оваа година да оствари многу подобар пласман од минатата.
Леброн постигна 21 поен, 7 скока и 5 асистенции и покрај лошиот шут од игра (8/19). Ентони Дејвис одигра уште еден извонреден натпревар кој го заврши со 31 поен и 14 скока, за потврда на одличната форма. Најефикасен на мечот беше Брендон Инграм од редовите на Њу Орлеанс со 32 поена.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Милвоки 115-114
Бостон – Торонто 126-123
Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 99-104
Далас – Сан Антонио 110-93
Јута – Сакраменто 121-117


