Еден од највпечатливите моменти од вечерашната прослава во Белград беше моментот кога на „сцена“ излезе селекторот на српската кошаркарска репрезентација Светислав Пешиќ.
Откако им отпоздрави на присутните пред фамозниот балкон, тој почна да игра со своите кошаркари и тоа на песната „Freed from desire“, преработена во „Kari’s on fire“.
Сите играчи го прифатија повикот на Пешиќ и заедно го прославија големиот успех – бронзата од Олимписките игри.


