Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ уште еднаш ги разгали срцата на љубителите на кошарката во земјава со своето фантастично издание во дуелот со осумкратниот европски првак ЦСКА.
Само благодарение на неговата фантастична форма, Уникс го заврши основниот дел од сезоната во ВТБ лигата на првата позиција иако во најголем дел од првенството на чело беше ЦСКА.
Вечерва Димитријевиќ постигна 40 поени, но и оствари индекс 52 што се негови лични рекорди, а оствари уште неколку големи достигнувања. Првпат погоди седум тројки на еден натпревар и го забележа вториот најдобар поентерски ефект сезонава во ВТБ лигата (рекордот на ова натпреварување во актуелната натпреварувачка кампања изнесува 42).
Сето тоа го прави нашиот кошаркар апсолутно најголем фаворит за МВП на сезоната во исклучително силната ВТБ лига.


