По пет порази во низа, Пелистер синоќа го победи актуелниот шампион МЗТ Скопје и му го нанесе првиот пораз во првенството оваа сезона.
Битолскиот тим дојде до триумфот благодарение на кошот на Брајан Антоан на четири секунди пред крајот откако претходно, во последната четвртина се водеше голема битка на двете страни.
Антоан беше и најефикасен играч во домашниот тим со 16 поени на кои додаде уште 6 скока и 3 украдени топки за индекс 18, највисок на мечот.


