Лос Анџелес Лејкерс славеше во градскиот дуел против Клиперс со 116-112 на крилјата на 39-годишниот Леброн Џејмс и благодарение на неверојатниот пресврт во последната четвртина.
На влезот на последниот период, Клиперс водеа со 21 поен разлика (98-77), а потоа на сцена излезе Леброн и ја одигра најдобрата четвртина оваа сезона. Во тие 12 минути, суперѕвездата на Лејкерс сам реализира 19 поени, три повеќе од целиот тим на Клиперс, а неговиот тим ја доби четвртината со 39-16 за спектакуларен пресврт и триумф на овој меч.
Со ова, Лејкерс имаат 3/1 со Клиперс оваа сезона и тоа ќе биде прва победничка кампања за овој тим против градскиот ривал по 2011/12. Синоќешното дерби беше последно за Клиперс како домаќини во Крипто арената против својот градски ривал (во основен дел од првенството) бидејќи од идната сезона се селат во својата нова арена која е во завршна фаза од изградбата.
Покрај Леброн, кај Лејкерс се истакна уште Дејвис со 20 поени и 12 скока, додека Ленард со 26 и Харден со 23 поени ги предводеа Клиперс.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Њу Орлеанс 123-114
Торонто – Далас 125-136
Чикаго – Кливленд 132-123
Минесота – Мемфис 110-101
Денвер – Сакраменто 117-96
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 112-116


