Неколку часа по официјалната презентација, Лука Дончиќ имаше можност да седи покрај клупата на Лос Анџелес Лејкерс и да гледа како неговиот нов тим го гази градскиот ривал.
Лејкерс како гости славеа со 122-97, а Словенецот имаше што да види, особено од својот нов соиграч Леброн Џејмс. Ветеранот постигна 26 поени, 9 асистенции и 8 скока со што уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма и покрај тоа што има 40 години. Можеби ќе постигнеше и трипл дабл ако поради високата предност, тренерот Џеј Џеј Редик не го оставеше на клупа во завршницата од натпреварот.
Всушност, се беше решено во првото полувреме кое Лејкерс го добија со 73-50. Домашната екипа, која првпат го пречека својот градски ривал во новата арена, немаше своја вечер, особено Ленард и Харден кои комбинирано постигнаа 18 поени.
Со оваа победа Лејкерс им избегаа на Киперс на табелата во Западната конференција и ја продолжија потерата по четвртопласираниот Денвер. Кон крајот на оваа или почетокот на идната недела се очекува и дебито на Дончиќ.
РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Далас 118-116
Бруклин – Хјустон 99-97
Кливленд – Бостон 105-112
Торонто – Бостон 115-121
Чикаго – Мајами 133-124
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 97-122
Портланд – Индијана 112-89


