Лос Анџелес Лејкерс ја оствари деветтата победа во последните десет натпревари и остварија откако синоќа го совлада Кливленд со 116-97.
Со тоа дојдоа до осмото место на табелата во Западната конференција, првпат по декември 2023 година, а во последните четири меча ќе се обидат да стигнат и до шестата позиција на која во моментов се наоѓа Феникс. Без разлика на се, навивачите се задоволни бидејќи во најважниот период, формата на тимот оди во нагорна линија што е најава за долг пат во плејофот.
Расел беше најефикасен со 28 поени, Леброн постигна 24 поени и 12 асистенции, а Дејвис исто така оствари дабл дабл, со 22 поена и 13 скока. Гарланд го предводеше гостинскиот тим со 28 поени, како прв стрелец на натпреварот.

Кливленд е на третото место на Истокот, но во последните четири меча претрпе три порази, а синоќа пропушти уште една можност да се израмни со второпласираниот Милвоки.
РЕЗУЛТАТИ
Денвер – Атланта 142-110
Мемфис – Филаделфија 96-116
Бруклин – Детроит 113-103
ЛА Лејкерс – Кливленд 116-97


