На десетина дена пред крајот на основниот дел од сезоната, во Западната конференција владее тотален хаос кога станува збор за пласманот пред плејофот.
На врвот се три екипи кои до крајот ќе се борат за првата позиција, а од петтата до деветтата позиција, разликата изнесува само еден бод. На синоќешните натпревари. Феникс и Лејкерс победија, Њу Орлеанс го доживеа третиот пораз по ред, па сега екипите од петтата до деветтта позиција се на само еден триумф разлика. Не е ист бројот на одиграни натпревари, па на Далас, кој е на петтото место, му остануваат уште седум меча, а Лејкерс, кои се деветти, имаат уште пет. Меѓу нив се и Њу Орлеанс, Феникс и Сакраменто кои до крајот ќе водат борба за двете преостанати позиции кои водат директно во разигрувањето за титулата.
Лос Анџелес Лејкерс продолжи со одличните резултати и ја оствари осмата победа во последните девет натпревари, совладувајќи го Вашингтон на гостински терен со 125-120. Ентони Дејвис беше прво име на мечот со 35 поени и 18 скока, но повторно имаше голема помош од Леброн Џејмс кој постигна 25 поени, 9 асистенции и 7 скока.
Девин Букер одигра уште еден извонреден меч по оној против Њу Орлеанс кога постигна 52 поена. Утринава Феникс го совлада Кливленд со 122-101, аа Букер броеше до 40 со тоа што сега истакна и Кевин Дурант со 32 поена.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Портланд 86-89
Вашингтон – ЛА Лејкерс 120-115
Атланта – Детроит 121-113
Бостон – Оклахома 135-100
Бруклин – Индијана 115-111
Милвоки – Мемфис 101-1111
Минесота – Торонто 133-85
Њу Орлеанс – Орландо 108-117
Феникс – Кливленд 122-101


