Лос Анџелес Лејкерс продолжи со одличните резултати откако утринава славеше во градското дерби со Клиперс со 106-102.
Тоа петта победа по ред на Лејкерс во лигата и трет триумф во последните четири пресметки со својот ривал од Лос Анџелес. Повторно блескаше тандемот Дончиќ-Леброн кој заедно постигна повеќе од половината поени на Лејкерс.
Натпреварот главно беше израмнет, а домаќинот на овој натпревар имаа двоцифрена предност само пред крајот на првото полувреме кога поведоа со 11 разлика и во финишот од мечот кога водеа со 10. Клучна се покажа серијата од 7-0 во последниот период со која момците на Џеј Џеј Редик отидоа на 98-88 на шест минути пред крајот. Клиперс подоцна се доближија на два разлика, но не успеаја да направат пресврт.
Лука Дончиќ беше блиску до својот рекорд откако дојде во Лејкерс, постигнувајќи 31 поен, додека Леброн додаде 28 со 13 скока. Прво име на Клиперс беше Ивица Зубац кој оствари дабл дабл со 27 поени и 16 скока.
РЕЗУЛТАТИ:
Бруклин – Портланд 102-121
Бостон – Кливленд 116-123
Атланта – Оклахома 119-135
Мемфис – Њујорк 113-114
Денвер – Детроит 134-119
Чикаго – Торонто 125-115
Мајами – Индијана 125-120
Феникс – Њу Орлеанс 125-108
Јута – Минесота 117-116
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 106-102


