Екипата на Лос Анџелес Лејкерс се наоѓа пред нова експресна елиминација од плејофот откако загуби од Денвер и во третиот натпревар од серијата.
Бранителот на титулата води со 3-0 во серијата од првата рунда откако утринава славеше во првиот меч како гостин со 112-105. Тоа е вкупно 11. победа по ред за Нагетс во меѓусебните дуели, а последниот триумф на Лејкерс датира од 2021 година. За разлика од претходниот натпревар сега немаше драма и покрај тоа што домаќинот подобро го отвори мечот и водеше со 12 разлика во втората четвртина.
На голем одмор Денвер замина со само -4, а во третата четвртина не само што ја достигна негативата, туку отиде и на +12. Победата на гостинскиот тим во ниеден момент не беше доведена во прашање, па шампионот сега е на само една победа од пласман во втората рунда од плејофот.
Првата ѕвезда на Денвер, Никола Јокиќ сега не беше во прв план кај Денвер иако постигна 24 поени, 15 скока и 9 асистенции бидејќи Ерон Гордон реализира 29 поени и 15 скока. Ентони Дејвис ги предводеше Лејкерс со 33 поени и 15 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Орландо – Кливленд 121-83
Филаделфија – Њујорк 125-113
ЛА Лејкерс – Денвер 105-112