Лос Анџелес Лејкерс ја оствари четвртата победа во низа и десетта во последните 12 натпревари откако утринава на домашен терен ја победи Минесота со 111-102.
Одлучи фантастичниот старт на тимот од Калифорнија и предноста од 33-17 во првата четвртина по што на гостите им беше многу потешко да функционираат. Минесота се погрижи за неизвесност во последниот период кога се доближи на само три поени разлика (90-93), но не успеа да направи комплетен пресврт.
Во тие моменти, клучно се покажа исклучувањето на Ентони Едвардс кој доби втора техничка грешка и мораше да замине во соблекувална. Тоа му е 16. техничка грешка сезонава поради што ќе го пропушти следниот натпревар.
Од доаѓањето на Дончиќ, Леброн Џејмс игра како препороден и против Минесота постигна 33 поени, 17 скока и 6 асистенции. Словенецот го следеше со 21 поен и 13 скока, а Остин Ривс додаде 23 поени. Шенон со 23 поени ја предводеше Минесота која падна на осмата позиција на Западот со биланс 32/28.
РЕЗУЛТАТИ
Орландо – Голден Стејт 115-121
Милвоки – Денвер 121-112
Далас – Шарлот 103-96
Феникс – Њу Орлеанс 116-124
ЛА Лејкерс – Минесота 111-102


