Лос Анџелес Лејкерс ја оствари првата победа во претсезоната откако како гостин го совлада Милвоки со 107-102.
На мечот му претходеше негодување од Леброн Џејмс поради долгото патување за само еден меч, но и покрај тоа, тој се најде во тимот и одигра околу 16 минути. За тој период постигна 11 поени, 6 скока и 3 асистенции, но ќе се памти „бананата“ што ја доби од првата ѕвезда на Бакс, Јанис Адетокунбо.
Giannis haciendo de LeBron contra LeBron ❌ pic.twitter.com/TdZYzHMMqZ
— Doble Ritmo (@DobleRitmoNBA) October 11, 2024
Всушност, грчкиот репрезентативец два пати го „залепи“ Леброн, но особено беше спектакуларна онаа на почетокот од втората четвртина кога истрча спринт повеќе од половина терен и го фати противничкиот играч на положување.


