Лос Анџелес Лејкерс ја оствари четвртата победа во низа и вкупно осма сезонава откако на гостински терен го совлада Сан Антонио со 120-115.
Мечот го одбележа трипл дабл ефектот на Леброн Џејмс, четврти по ред за кошаркарот кој за нешто повеќе од еден месец ќе наполни 40 години.Тој постигна 15 поени, 16 скока и 12 асистенции и по 12 меча се израмни по бројот на трипл дабл натпревари во сезоната со вкупно пет. Во својата кариера тој има 117, но далеку пред него се Никола Јокиќ со 136 и Меџик Џонсон со 138. На мечот во Тексас одличен беше и Ентони Дејвис кој постигна 40 поени.
Сан Антонио се бореше максимално, во финишот водеше со 115-114, но Лејкерс го затворија мечот со серија од 6-0 и на тој начин дојдоа до победата. Најдобар кај Спарс беше Виктор Вембанјама со 28 поени и 14 скока, Кесл додаде 22 поена, а Крис Пол оствари 11 асистенции со што ја надмина границата од 12.000 во својата кариера.
Сан Антонио и натаму е без својот тренер Грег Попович кој имаше мозочен удар, а тимот се наоѓа на десеттата позиција на табелата во Западната конференција со биланс 6/7.
РЕЗУЛТАТИ
Торонто – Детроит 95-99
Орландо – Филаделфија 98-86
Индијана – Мајами 111-124
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 115-120
Њујорк – Бруклин 124-122
Кливленд – Чикаго 144-126
Атланта – Вашингтон 129-117
Оклахома – Феникс 99-83
Хјустон – ЛА Клиперс 125-104
Њу Орлеанс – Денвер 101-94
Голден Стејт – Мемфис 123-118
Сакраменто – Минесота 126-130


