Зек Ледеј го одигра својот најдобар евролигашки натпревар во кариерата откако вечерва постигна 33 поени во победата на Олимпија Милано на гости кај Барселона со 94-81.
Италијансксиот шампион ја оствари шестата победа во низа и се искачи на шестото место на табелата. Ледеј играше со посебен мотив против Барселона, а по натпреварот откри зошто било така.
And one of the most emotional post-game interviews you are ever likely to see!
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 13, 2024
So much respect to you @ZachLeDay32 🙏 pic.twitter.com/9q9n9pdxWs
„Последен пат кога играв во оваа арена, морав да отпатувам и да го погребам татко ми. Се беше лудо. Тато беше овде со мене, дадов се од себе на двете страни од теренот“, изјави Ледеј.
Тоа за што зборуваше играчот на Олимпија Милано се случуваше во март годинава кога со Партизан гостуваше во Блауграна. „Каталонците“ тогаш славеа со 94-76, Ледеј постигна 16 поени, но по мечот ги дозна лошите вести и воопшто не се врати во Белград, туку директно отпатува за САД.


