Дербито меѓу Олимпијакос и Панатинакос беше централен настан во грчката кошарка претходниот викенд.
Славеше ПАО како гостин, а мечот го одбележа зовриената атмосфера, како на трибините, така и на теренот. Еден од најинтересните моменти беше оној кога центарот на атинскиот клуб тотално ги загуби нервите и сето тоа можеше да ескалира во поголем инцидент.
Emotions running high in Olympiacos – Panathinaikos clash 👀 pic.twitter.com/5Z7zYfmCUu
— BasketNews (@BasketNews_com) October 27, 2024
Французинот беше незадоволен од една судиска одлука, сметаше дека има фаул над него, а не од него, па тотално полуде додека го напушташе теренот. Соиграчите и членовите на стручниот штаб мораа да го смируваат за да не направи поголем инцидент.


