Уште пред вечерашниот натпревар, Матијас Лесор беше свесен дека го очекува пеколен дочек од навивачите на Црвена Звезда и предупреди дека оди на непријателска територија.
Тоа се оствари во Пионир каде константно беше навредуван од противничките фанови, а капак на се беа фрлените стаклени шишиња кон него. Додека даваше изјава на полувремето, кон него полетаа запалки и други тврди предмети, но францускиот репрезентативец остана достоинствен и не влезе во конфронтација.
it will be madness until the end
— Milan Dozet (@teo_muda_vamtrp) November 1, 2024
Matijas Matijas 🎻🎻🎻 #kkcz #OlympiacosBC pic.twitter.com/Rsiz8WpGHu
И покрај сето тоа, Лесор според остварениот индекс (18) беше најдобар во својот тим, а за речиси 26 минути постигна 9 поени и 9 скока.


