Бурното дерби во финалето на Суперкупот на Грција беше зачинето и со неколку инциденти меѓу кои најголем е оној каде во центарот на вниманието беше Матијас Лесор.
Непосредно пред почетокот, францускиот репрезентативец, веројатно испровоциран, тргна да се тепа со дел од публиката и неговите соиграчи и членовите на стручниот штаб едвај го спречија да направи голем инцидент.
И во текот на натпреварот Лесор беше мошне нервозен, при едно промашено слободно фрлање ја шутна топката и неколку влезе во вербални дуели со публиката и противничките кошаркари.


