Душко Ивановиќ со победа дебитираше на клупата на Виртус и тоа на теренот на кој помина 12 години како тренер.
Италијанскиот вицешампион го победи неговиот поранешен клуб Басконија со 82-81, а мечот го одбележа лудиот финиш. Домаќинот имаше водство од 81-78 кога Виртус тргна во последен напад, времето истекуваше, па Клајбурн од голема далечина се одлучи да шутира. При шутот беше фаулиран од Монеке, а топката притоа помина низ обрачот за израмнување, па американскиот кошаркар доби шанса да му донесе победа на својот тим.
WILL CLYBURN WITH THE 3+1 FOR VIRTUS BOLOGNA WIN IN VITORIA
🤯🤯🤯🤯 pic.twitter.com/aR14VlFwiT
— Matteo Andreani (@matty_vanpersie) December 12, 2024
Можноста ја искористи бидејќи погоди од линијата за слободни фрлања и на тој начин стана херој на Виртус. Со оваа победа, екипата од Болоња се одлепи од дното на табелата иако има ист биланс (3/12) како и „фенерџијата“ Алба.


