Од петок до недела во Берлин се одржува завршниот турнир од Евролигата, а екипите учеснички денеска допатуваа во германската престолнина каде ќе ги имаат завршните подготовки пред разврската.
Најголема помпа предизвика доаѓањето на Панатинаикос и Фенербахче, екипи кои имаат голем број навивачи во Берлин. Фенербахче беше дочекан со факелијада пред хотелот, а потоа фановите го пречекаа и тренерот на Панатинаикос кој до лани седеше на клупата на лутиот ривал Анадолу Ефес.
Веднаш по пристигнувањето, навивачите на Фенербахче почнаа со навредливи скандирања кон Атаман кој буквално побудале. Почна да бара од обезбедувањето да ги оддалечи присутните од хотелот, а подоцна дојде и до обид за физичка пресметка во лобито.


