Францускиот репрезентативец Еван Фурние предизвика огромна еуфорија меѓу навивачите на Олимпијакос кои синоќа се појавија во голем број да му посакаат добредојде во нивниот клуб.
Досегашниот НБА кошаркар доцна во ноќта пристигна на аеродромот „Елефтерос Венизелос“ каде беше пречекан од илјадници фанови кои приредија спектакуларна факелијада. На Фурние не му се веруваше што гледа, се фати за глава, но потоа зеде шал и почна да скандира со присутните.
Од аеродромот, со автомобил тој беше одвезен во Пиреја каде фештата продолжи уште неколку часа.


