Екипата на Мајами Хит ја оствари најубедливата победа во сезоната откако на домашен терен го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 41 поен разлика (134-93).
Клучен сегмент за триумфот на тимот од Флорида беше шутот од дистанца бидејќи домашните кошаркари погоди неверојатни 24 тројки со одличен процент – 51,1. Повеќе од третина од тројките (9) реализира Тајлер Хиро кој натпреварот го заврши со 31 поен. Интересно е тоа што цела екипа на Лејкерс погоди само пет тројки на цел натпревар.
Tyler Herro was unguardable in the 3Q!
🎯 7 3PM (career-high)
🎯 21 PTS (ties career-high)Heat lead entering the fourth on NBA TV & NBA League Pass ⤵️https://t.co/1xTs0seyAW pic.twitter.com/1NVssTtl4W
— NBA (@NBA) December 5, 2024
Клучна беше третата четвртина во која блесна Хиро и погоди седум од своите девет тројки на натпреварот. Мајами го доби тој квартал си 36-20 и во последните 12 минути влезе со огромна предност 33 поени разлика.
Леброн Џејмс конечно ја прекина серијата промашени удари од дистанца, постигна 29 поени, но сега немаше соодветна помош од соиграчите бидејќи далеку зад него остана Хачимура со 14 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Детроит 130-120
Бруклин – Индијана 99-90
Мајами – ЛА Лејкерс 134-93
Филаделфија – Орландо 102-106
Милвоки – Атланта 104-119
ЛА Клиперс – Минесота 80-108


