Ненад Димитријевиќ сигурно ќе биде играч на денот во квалификациите за Европското првенство откако оствари неверојатни бројки во дуелот со Литванија.
Некогашниот европски првак немаше одговор за нашиот најдобар играч за кого слободно може да се каже дека во моментов е на нивото на Петар Наумоски, Перо Антиќ, Врбица Стефанов, па и Бо Мекејлеб итн.
Со 43 поени, Димитријевиќ влезе во кругот на кошаркари кои оставиле длабока трага во националниот тим и вистинска штета е што го немаме секогаш на располагање.


