Вторпат во петте меча од серијата, Џамал Мареј постигна кош пред истекот на времето и му донесе победи на Денвер, сега за конечен пласман во полуфиналето од Западната конференција.
The Denver Nuggets eliminate the Las Angeles Lakers in a RIGGED game. #nuggets #lakers #riggednba #LeBron pic.twitter.com/FMN2utJkva
— Truth Seeker (@_TruthZone_) April 30, 2024
Нагетс славеа со 108-106 за 4-1 против Лејкерс и судир со Минесота во следната рунда. Гостите повторно беа конкурентни, во голем дел од мечот ја имаа контролата врз резултатот, но потклекнаа во последниот напад.
Џамал Мареј погоди за победа и во вториот меч кога Денвер славеше со 101-99, а ноќеска со скок-шут повторно му донесе триумф на својот тим кој со ова ја продолжува одбраната на титулата во НБА лигата. Токму Мареј беше најефикасен играч на натпреварот со 32 поена, но монструозен натпревар одигра и Јокиќ кому му недостасуваше една асистенција за трипл дабл: 25 поени, 20 скока и 9 додавања. Истото важи за Леброн Џејмс кој постигна 30 поени, 11 асистенции и 9 скока.

Пласман во конференциското полуфинале обезбеди и Оклахома која го совлада Њу Орлеанс со 97-89 и со 4-0 го продолжи својот настап во плејофот.
РЕЗУЛТАТИ
Денвер – ЛА Лејкерс 108-106
Њу Орлеанс – Оклахома 89-97
Мајами – Бостон 88-102


